Во потрага по матичен гинеколог

се бројат километри наместо месеци

Недостигот на гинеколози ги принудува жените во Македонија, особено тие што не живеат во Скопје, да патуваат по десетици километри само за да имаат пристап до матичен гинеколог и уште дополнителни десетици километри до здравствена услуга и безбедна бременост.

Компликациите или породувањето со царски рез може да значи и патување од стотини километри до најблиското породилиште.


Измери ја твојата бременост во километри

Километарски пат во потрага по матичен гинеколог

Со оваа симулација сакаме да ве поттикнеме да ги облечете чевлите на луѓето коишто очекуваат бебе, а живеат надвор од Скопје, за да увидите колку пат изминува една жена во обидот уредно да ја следи својата бременост, како и сложените процедури кои честопати ја заробуваат во болничките лавиринти.

Недостигот на гинеколози ги принудува жените во Македонија, особено тие што не живеат во Скопје, да патуваат по десетици километри само за да имаат пристап до матичен гинеколог и уште дополнителни десетици километри до здравствена услуга и безбедна бременост.

Компликациите или породувањето со царски рез може да значи и патување од стотини километри до најблиското породилиште.

Податоците од Фондот за здравство покажуваат дека бројот на матични гинеколози изнесува 144, од кои 43 се во Скопје, но според анализите на невладините организации, па и на минатата Влада, недостигаат уште 150 матични гинеколози.

ВКУПНО ИМА
144
ГИНЕКОЛОЗИ
ОД 144 ГИНЕКОЛОЗИ
43
СЕ ВО СКОПЈЕ
ИМА НЕДОСТИГ ОД
150
ГИНЕКОЛОЗИ

Дали сте знаеле дека од вкупно 80 општини во Македонија во повеќе од половина надвор од Скопје жените немаат пристап до матичен гинеколог во близина на местото на живеење. Во речиси една четвртина од општините бројот на матични гинеколози не е доволен за да ги задоволи потребите на сите жени.

Ситуацијата наскоро ќе се влоши, предупредуваат од Здружението на матични гинеколози, затоа што, како што велат, во наредните пет години се очекува најмалку 20 матични гинеколози да заминат во пензија.

Симулацијата се однесува само на државното здравство, каде што бремените жени имаат право на бесплатни прегледи и во неа не се опфатени приватните здравствени установи или ординации, кои не соработуваат со Фондот за здравство. Сите понудени опции се реални ситуации кои се подготвени во соработка со стручни лица.

Информациите за здравствените услуги кои можат да ги добијат граѓаните во Македонија се од Фондот за здравство и Министерството за здравство.

Оваа игра има за цел да ви ги прикаже патеките и изборите кои ги имаат жените во текот на следењето на една бременост во времетраење од 280 денови.

Играј и провери дали во твојата општина има матичен гинеколог.

Мобилната верзија на оваа апликација е во изработка

Ви благодариме на трпението!